ПРВ.мк
Македонија

Повеќе од 1.000 студенти останаа без субвенциониран студентски оброк - ова е причината!

Повеќе од 1.000 студенти останаа без субвенциониран студентски оброк - ова е причината!
Kristal

Повеќе од 1.000 студенти во Македонија останаа без субвенциониран студентски оброк, не по нивна вина, објави СтудентаријаМК, инстаграм профил кој се декларира како извор за информации за најголемата заедница на студенти во земјата.

Причината се бавни и неефикасни административни постапки на дел од факултетите и институциите, поради што многу студенти не се нашле на листите за ноември и им било прекинато правото на оброк.

„Сега, кога рокот за аплицирање е завршен, тие ќе можат повторно да аплицираат дури во декември, што значи дека ќе останат без оброк цели два месеца“, информираат од СтудентаријаМК, повикувајќи го Министерството за образование и наука да интервенира и да им го овозможи правото што им следува со закон.

Escape