Министерството за труд и социјална политика соопшти дека на 19 јануари 2026 година, по повод Богојавление (Водици), граѓаните од православната вероисповест ќе имаат неработен ден, согласно Законот за празниците на Република Северна Македонија.
Сите трговски објекти, маркети и трговски центри ќе работат по редовното работно време.
Јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, со исклучок на линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.
На самиот празник, од 7 до 14 часот, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, додека жичницата нема да работи. ЈСП потсетува дека жичницата редовно не работи секој понеделник и секој последен вторник во месецот.

















