Полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 54-годишен жител на Велес, откако при претрес во неговиот дом и помошните простории биле пронајдени повеќе материи за кои постои сомнение дека се наркотични средства, како и дигитална вага.
На 5 октомври во 14:10 часот, од слобода бил лишен Љ.М. од Велес. Полициски службеници од Отсекот за економски криминал и Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, постапувајќи по наредба од Основниот суд Велес, извршиле претрес во неговиот дом и помошните простории во селото Војница, во Општина Чашка.
При претресот биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, марихуана, како и дигитална вага.
54-годишникот бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен и јавен обвинител.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.






