ПРВ.мк
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА: Апсење на повеќе локации!

ПОЛИЦИЈАТА ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА: Апсење на повеќе локации!
Kristal

Во координирана акција спроведена на 2 март 2026 година, полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли на повеќе локации низ Скопје, при што беа лишени од слобода четири лица.

Станува збор за А.С. (42), М.Д. (43), В.Т. (41) и А.Р. (27), сите од Скопје. Според информациите од полицијата, при извршените претреси и контроли кај нив била пронајдена бела прашкаста материја, како и марихуана, кои биле одземени за понатамошна постапка.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични или прекршочни пријави, во зависност од утврдените факти и вештачењата на одземената материја.

Акцијата е дел од засилените контроли насочени кон сузбивање на недозволената трговија и поседување наркотични средства на подрачјето на главниот град. Повеќе детали околу видот и количината на запленетата материја се очекуваат по завршување на истрагата.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo