Двајца мажи се приведени откако биле фатени при примопредавање на сомнителен пакет со јод, без соодветна документација, на паркинг од бензинска пумпа на автопатот Куманово–Скопје.
Според МВР, на 22 јануари 2026 година околу 03:10 часот, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода Б.К. (40) од Турција и А.Д. (56) од село Слупчане, општина Липково.
Б.К., кој патувал со автобус од Турција кон Косово, извадил пакет од автобусот и му го предал на А.Д., кој го чекал со патничко возило „Цитроен Ц5“ со кумановски регистарски ознаки. По предавањето, А.Д. бил веднаш сопрен и контроларан од полицијата, при што во возилото бил пронајден јод без соодветна документација.
Двајцата мажи се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

















