ПРВ.мк
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ВО АКЦИЈА: Уапсен малолетен дилер на дрога!

ПОЛИЦИЈАТА ВО АКЦИЈА: Уапсен малолетен дилер на дрога!

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Тетово, полициски службеници спровеле акција во која бил приведен 17-годишен малолетник од селото Ново Село, општина Боговиње.

Интервенцијата се случила на улицата „Илинденска“, каде при извршена контрола кај него била пронајдена и одземена марихуана. По откривањето на дрогата, малолетникот бил веднаш спроведен во Полициска станица Тетово.

Во службените простории бил извршен разговор со него во присуство на родител, во согласност со законските процедури кои важат за малолетни лица.

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против малолетникот, согласно важечките прописи.