ПРВ.мк
Македонија

Полицијата пронајде кокаин при претрес - приведен 45-годишен маж

Полицијата пронајде кокаин при претрес - приведен 45-годишен маж
Kristal

Вчера во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода 45-годишен маж, А.К., по претрес на неговиот дом извршен со судска наредба.

При претресот биле пронајдени кокаин, предмети со остатоци од бела прашкаста материја и предмети со остатоци од растителна материја.

Случајот е пријавен кај јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по завршување на истрагата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Escape