ПРВ.мк
Македонија

Полицијата казни 164 пешаци во август за непочитување на сообраќајните правила!

Полицијата казни 164 пешаци во август за непочитување на сообраќајните правила!

Македонската сообраќајна полиција не прави исклучоци и ги санкционира и пешаците доколку не ги почитуваат правилата за учество во сообраќајот. Според извештајот за август, вкупно 164 пешаци биле казнети, а исто така 81 возач на електричен тротинет добил санкции.

Во согласност со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во истиот период биле казнети и 1.149 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем.

Вкупно, во август биле регистрирани 19.343 сообраќајни прекршоци, а полицијата уапсила 82 возачи на различни локации низ земјата.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат контролите да продолжат и во наредниот период и ги повикуваат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат законските прописи за да се подобри безбедноста на патиштата.

Escape