ПРВ.мк
Македонија

Политиката на Трамп ѝ го отвори патот на Македонија до Мундијалот - еве како!

Политиката на Трамп ѝ го отвори патот на Македонија до Мундијалот - еве како!
Kristal

Контроверзните политики на американскиот претседател Доналд Трамп би можеле неочекувано да влијаат и врз европскиот фудбал, а во целата приказна како потенцијален добитник се појавува македонската репрезентација. Според италијански медиуми, расте незадоволството кај дел од европските земји околу организацијата на Светското првенство во САД, што отвора простор за можни радикални одлуки.

„Газета дело спорт“ објавува дека неколку европски федерации сериозно размислуваат за бојкот на Мундијалот, како форма на протест против политичките потези и изјави на актуелната американска администрација. Како еден од главните поводи се посочуваат контроверзните изјави на Трамп поврзани со Гренланд, кои предизвикале силни реакции во Европа.

Во овој контекст, Данска се споменува како еден од можните носители на протестот. Токму тоа ја прави приказната особено интересна за Македонија, бидејќи двете селекции треба да се сретнат во полуфиналето од мундијалскиот бараж. Доколку Данска навистина се повлече од натпреварувањето, македонската репрезентација би минала директно во финалето од баражот без играње натпревар.

Во медиумските шпекулации се вклучени и селекции како Шведска и Германија, иако засега нема официјални потврди. Во евентуалното финале од баражот, Македонија би се соочила со победникот од дуелот меѓу Република Ирска и Чешка.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo