ПРВ.мк
Македонија

Поларна новогодишна ноќ во Македонија: Температурите се спуштија до -13 степени

Поларна новогодишна ноќ во Македонија: Температурите се спуштија до -13 степени
Kristal

Новогодишната ноќ во Македонија минува во знак на вистински поларен студ. Како што беше и претходно најавено, времето е ведро, но исклучително студено, со температури длабоко под нулата низ целата земја.

Најстудено во овие моменти е на Попова Шапка, каде се измерени -13 степени. Во Маврово температурите се спуштија до -12, додека во Берово се регистрирани -11 степени. Минусни вредности се измерени и во останатите делови од земјата, особено во котлините и повисоките предели.

Северниот и североисточниот ветер дополнително го засилува чувството на студ, а мразот е присутен речиси насекаде. Според мерењата, ова е една од најстудените новогодишни ноќи во последните години.

На метеоролошката карта јасно се забележуваат екстремно ниските температури низ Македонија во овие ноќни часови, што потврдува дека новата 2026 година започнува со вистинска зимска атмосфера.

FixCredit
Escape