Со цел да се подигне нивото на безбедност и да се олеснат условите за сите учесници во сообраќајот, во тек се интензивни активности за обновување на хоризонталната сигнализација во Кавадарци.


Моментно се работи на улица „Слога“, на самиот спој со улиците „Преспа“, „Авала“, „Киро Крстев“ и „Браќа Џунови“. Со оваа акција се очекува значително да се подобри прегледноста на крстосниците и да се овозможи побезбедно движење на возачите и пешаците.
Работите на терен ги изведуваат екипите на Ј.П. „Паркинг Кавадарци“.








