ПРВ.мк
Балкан

АВИОН НАД БАЛКАНОТ ВЛЕТАЛ ВО МИНИ „ТОРНАДО“: Стјуардеса полетала до плафонот - има повредени!

АВИОН НАД БАЛКАНОТ ВЛЕТАЛ ВО МИНИ „ТОРНАДО“: Стјуардеса полетала до плафонот - има повредени!

Ербас на компанијата „Јуровингс“ (Eurowings) полетал од Родос, качувајќи се метар по метар во небото, што на почетокот било сосема нормален лет за екипажот и пилотите. Но, одеднаш авионот наишол на силни турбуленции и леталото нагло почнало да пропаѓа. Четири патници и еден член на екипажот се повредени.

Драма на небото над Балканот

Авионот од типот „Ербас А320-200“ во саботата бил на пат од Родос до Келн. Над Балканот, екипажот добил одобрение за понатамошно качување. Потоа сè се случило многу брзо: силна турбуленција силно го залулала авионот. Четири патници и една стјуардеса се здобиле со полесни повреди.

Според информациите, стјуардесата од силниот удар полетала до плафонот на кабината. Пилотите веднаш го прекинале качувањето, по што авионот почнал да се спушта.

Мини „торнада“ ги тресат авионите

Како што објави специјализираниот портал „Aviation Herald“, Ербасот на „Јуровингс“ наишол на турбуленција предизвикана од патеката на авион на „Емирати“ (Emirates) од типот А380, кој летал пред него. Авионот на „Емирати“, кој патувал од Дубаи до лондонскиот аеродром Хитроу, бил само околу 14 километри пред нив.

Според податоците од компанијата „Јуровингс“, причина за турбуленцијата биле воздушните вртлози.

  • Тие се создаваат на крилата на големите авиони.
  • Станува збор за силни, спротивни воздушни струења – невидливи, но моќни како мали торнада.
  • Ако авионот што се движи позад нив влезе во овие вртлози, може да биде силно потресен и, во најлош случај, да изгуби контрола.

Најнови вести