Општина Кавадарци продолжува со реализација на проектите за уредување и подобрување на патна и пешачка инфраструктура во сите населени места низ општината.
Како дел од овие активности, во селото Долна Бошава деновиве се реализираше поплочување на површина од 250 квадратни метри со бекатон коцки. Со овој зафат значително се овозможуваат подобри услови за движење на пешаците и возилата, а воедно се подигнува и безбедноста за локалните жители.
– Со вакви проекти продолжуваме континуирано да вложуваме во развојот на руралните средини и во подобрување на квалитетот на живот на сите наши сограѓани – потенцираат од Општина Кавадарци.





