ПРВ.мк
Македонија

Почнува исплатата на еднократна парична подршка за секое прваче

Почнува исплатата на еднократна парична подршка за секое прваче
Kristal

Општина Велес официјално започна со исплатата на еднократната парична поддршка наменета за сите запишани првачиња во учебната 2025/2026 година. Оваа мерка има за цел да им помогне на родителите и старателите во покривање на дел од трошоците што ги носи почетокот на основното образование.

Вкупно 1.363.320 денари ќе бидат распределени на сметките на родителите, односно старателите на сите деца што годинава за првпат седнаа во училишните клупи. Секое семејство ќе добие еднократна парична помош од 3.000 денари по дете, средства што се обезбедени од општинскиот буџет.

По завршувањето на изборниот процес и прибирањето на податоците од сите основни училишта на територијата на Општина Велес, локалната самоуправа ги комплетира административните постапки и ги заврши сите проверки на податоците. Со тоа се создадени услови за исплата на оваа финансиска поддршка која ќе се реализира во текот на наредните денови.

Од Општината посочуваат дека оваа мерка претставува дел од пошироката стратегија за инвестирање во младите и во образованието, како клучни приоритети за долгорочен развој на Велес.

„Поддршката на најмладите и на семејствата со деца останува врвен приоритет на општинската администрација. Сакаме секое дете да има еднаков почеток во своето образование, а оваа финансиска помош е мал, но значаен придонес во таа насока“, велат од Општина Велес.

Со оваа иницијатива, Општина Велес уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон создавање подобри услови за образование и поддршка на родителите. Освен директната финансиска помош, општината продолжува да инвестира и во инфраструктурно унапредување на училиштата, обезбедување современи наставни помагала и создавање безбедна и поттикнувачка средина за развој на децата.

👶📚 Исплатата на средствата ќе се реализира по етапи, а родителите ќе ги добијат парите директно на своите трансакциски сметки во наредните денови.

Општина Велес апелира до сите родители кои сè уште не доставиле точни банкарски податоци, тоа да го сторат во најкус можен рок, за исплатата да може да се изврши без доцнење.

Со оваа мерка, градот уште еднаш покажува дека вложувањето во децата е најважната инвестиција во иднината на Велес.

Escape