Седумдесет и шестгодишен жител на Велес пријавил во СВР Велес дека бил измамен при подигнување пари од банкомат.
Според пријавеното, случајот се случил на 1 октомври околу 15:50 часот. Велешанецот побарал помош од жена при подигнувањето пари од банкомат.
Откако средствата биле подигнати, наместо да му ги предаде парите, жената ги зела и го напуштила местото.
Од СВР Велес информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.









