ПРВ.мк
Македонија

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ГО ДОСТИГНАА ПРАГОТ – ДАЛИ ЌЕ СЕ ПОДИГНЕ ЛИМИТОТ ЗА БЕСПЛАТНО ЛЕКУВАЊЕ И ДО КОЈ ИЗНОС?

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ГО ДОСТИГНАА ПРАГОТ – ДАЛИ ЌЕ СЕ ПОДИГНЕ ЛИМИТОТ ЗА БЕСПЛАТНО ЛЕКУВАЊЕ И ДО КОЈ ИЗНОС?
Kristal

Партијата на пензионери остро реагира и бара Владата итно да интервенира: досегашниот лимит од 18.000 денари за бесплатно болничко лекување веќе не важи за најсиромашните пензионери, бидејќи со мартовското зголемување на пензиите од 2.500 денари, најниската пензија ја надмина оваа граница.

Според нив, ситуацијата станала апсурдна – пензионерите со најниски примања веќе не можат да остварат право на бесплатно болничко лекување, иако токму тие најмногу зависат од здравствени услуги. Дополнителен удар е тоа што земјата, како што посочуваат, има едни од највисоките цени на лекови во целиот регион, што уште повеќе го оптоварува семејниот буџет на пензионерите.

Оттаму предупредуваат дека со минималната пензија која во март 2025 година достигна 18.292 денари, а лимитот за бесплатно лекување остана „закован“ на 18.000 денари, практично ниту еден пензионер во државата веќе не може да користи бесплатен болнички третман.

Токму затоа Партијата на пензионери бара од јануари 2026 година лимитот да се зголеми на 25.000 денари. Нивниот предлог е и трајно решение – овој лимит во иднина да биде врзан за висината на минималната плата, со што би се избегнало повторно „заглавување“ на системот и би се обезбедила правична и одржлива заштита за највозрасните граѓани.

Escape