Во услови кога глобалните платформи за изнајмување (како Booking.com или Airbnb) доминираат на пазарот, локалните хотели, апартмани и вили честопати се зависни од посредници, плаќајќи високи провизии, губејќи контрола врз својата понуда и остварувајќи помали приходи. Ова може да се смени преку Quendoo.mk – дигитална платформа која им ја враќа моќта на локалните играчи.
Преку оваа платформа локалните сместувачки капацитети стануваат повидливи за странските туристи и туристички агенции, овозможено им е побрзо и поедноставно да добијат директни резервации и поголеми приходи, без да даваат високи 20% проценти на Booking.com или Airbnb.
Искуствата од регионот се позитивни! 38 хотели со над 7500 соби дел од туристичките капацитети во Албена, соседна Бугарија, за само една година откако почнаа да го користат Quendoo системот за резервации, го зголемија бројот на директни резервации за 30%, а ги зголемија и приходите.
Најголемата вредност на Quendoo е во тоа што овозможува директен контакт со гостинот. Преку интеграција на модерен booking engine на сопствената веб-страница, хотелите можат да: примаат резервации 24/7, без посредници, по најдобра цена и самите да креираат специјални понуди и попусти за гостите. А кога веќе ќе се воспостават релации да изградат сопствена база на клиенти, можност за ре-маркетинг, раст на лојалноста и повторна продажба.
Платформата не се ограничува само на резервации. Quendoo вклучува Channel Manager, кој овозможува централизирано управување со сите продажни канали (Booking, Airbnb, Expedia и др.), како и Revenue Management алатки, CRM, email маркетинг и оптимизирани веб-страници.
За хотелиерите, тоа значи контрола, ефикасност и раст. За туристичкиот сектор дигитална зрелост и поголема глобална видливост.
Quendoo го разбира локалниот контекст и потребите на локалните бизниси. Па така наместо хотелите да се прилагодуваат на глобалните платформи, овде платформата се прилагодува на нив – на македонски јазик, со локална поддршка и флексибилни ценовни модели. Дополнително, преку Quendoo може да соработуваат туристички агенции, институции и приватни изнајмувачи, со што се дигитализира целиот туристички екосистем.
Македонија како туристичка дестинација има сериозен потенцијал, природни ресурси, културно наследство, гастрономија и гостопримство, но, без дигитална туристичка инфраструктура, тој потенцијал останува неискористен.
Решенијата како Quendoo се мост помеѓу традицијата и иднината. Тоа не е само софтвер, туку визија за тоа како македонскиот туризам може да прерасне од зависен пазар во самоуверен регионален бренд.
Во брзи технолошки промени и глобална конкуренција, каде секоја резервација и секој гостин се важни, алатките кои даваат директен пристап, контрола и анализа повеќе не се луксуз, туку неопходност. Quendoo е доказ дека решението не мора да се бара надвор – тука е, локализирано, и подготвено да ја трансформира индустријата од темел. Повеќе информации на: www.quendoo.mk















