ПРВ.мк

Ова се државите кои примиле повредени од трагедијата во Кочани

Ова се државите кои примиле повредени од трагедијата во Кочани
VERO Banner

По страшната трагедија во Кочани, во која загинаа 59 лица, а над 150 беа повредени, започна брза меѓународна медицинска помош за тешко повредените граѓани. Благодарение на интензивната комуникација и соработка со партнерските земји, за помалку од 12 часа по несреќата, првите пациенти беа испратени на лекување во странство.

До утрово, вкупно 51 македонски граѓанин се наоѓа на лекување во следните земји:

• Бугарија 🇧🇬 – 14 пациенти во три болнички установи

• Турција 🇹🇷 – 9 пациенти

• Грција 🇬🇷 – 5 пациенти

• Србија 🇷🇸 – 17 пациенти

• Литванија 🇱🇹 – 4 пациенти, транспортирани со авион обезбеден од Романија 🇷🇴

• Унгарија 🇭🇺 – 2 пациенти

Во текот на денешниот ден, дополнителни пациенти ќе бидат испратени на лекување во:

• Австрија 🇦🇹 – 6 пациенти

• Словенија 🇸🇮 – 4 пациенти

• Хрватска 🇭🇷 – 4 пациенти

• Норвешка 🇳🇴 – 2 пациенти

Дополнително, за да обезбедат медицинска помош на повредените во земјава, пристигнаа медицински тимови од Чешка 🇨🇿, а се очекува и пристигнување на тимови од Израел 🇮🇱 и Белгија 🇧🇪.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази голема благодарност до сите земји што веднаш одговорија на повикот за помош, нагласувајќи дека оваа солидарност е потврда за сојузништвото и пријателството што Северна Македонија го има со бројни држави ширум светот.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран