ПРВ.мк
Македонија

Орце го повикува Обвинителството: Документи откриваат сериозен криминал!

Орце го повикува Обвинителството: Документи откриваат сериозен криминал!
Kristal

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека до него пристигнала нова информација поткрепена со документи, која укажува на можни незаконитости во работењето на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

„Дополнително, денеска дојде информација која е поткрепена со документи. Повикувам надлежните институции веднаш да постапат, бидејќи се работи за ангажирање возила за чистење во Комунална хигиена, кои всушност биле плаќани на физички лица како ‘интелектуални услуги’ во износ од пет до десет илјади евра,“ изјави Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека очекува институциите детално да го испитаат случајот и најави ревизии и одговорност.

„Јас најавив дека ќе има одговорност и ревизии. Практично, ве информирам дека имаме сериозни индиции за прекршување на законите, особено во Комунална хигиена,“ нагласи градоначалникот.

Ѓорѓиевски додаде дека во наредните денови ќе бидат спроведени проверки и во останатите јавни претпријатија под надлежност на Градот Скопје, со цел целосно да се испита работењето и евентуалните неправилности.

Escape