Три лица се здобиле со вдишување чад откако избувнал пожар на автомобил во подземна гаража во Куманово, соопшти полицијата.
Инцидентот се случил на улицата „Тоде Мендол“, каде било опожарено паркирано возило „смарт брабус“ со швајцарски регистарски ознаки. Лицата кои вдишале чад биле пренесени во Ургентниот центар во Куманово за лекарска помош, по што биле пуштени на домашно лекување, информираат од болницата.
Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.










