Замислете да слетате на егзотичен остров, а наместо обичен печат, граничната полиција да ви побара да потпишете свечено ветување пред да закопнете на нивна почва. Ова не е сцена од филм, туку реалност во преубавата островска држава Палау.
Хрватската патувачка блогерка Вана Бојовиќ неодамна го сподели своето искуство од оваа мала земја во Тихиот Океан, откривајќи ја нивната уникатна практика наречена „Palau Pledge“. Штом ќе стапнете на аеродромот, во вашиот пасош добивате специјален печат со текст кој мора да го потпишете. Без тој потпис – нема влез!
Ова не е само бирократска формалност. Текстот на ветувањето е всушност порака напишана од децата на Палау. Со вашиот потпис, вие директно им ветувате на идните генерации дека:
- Ќе се однесувате одговорно кон нивната татковина.
- Нема да ја уништувате природата и коралните гребени.
- Ќе ја почитувате нивната култура и нема да земате ништо од екосистемот како сувенир.
Палау го поседува еден од најбогатите морски екосистеми во светот и властите се решени да го зачуваат по секоја цена. Покрај потпишувањето на заклетвата, земјата спроведува и ригорозни контроли за еколошки штетни материи. На пример, строго е забрането користење на креми за сончање кои содржат хемикалии штетни за коралите, а од 2026 година се воведени и нови дигитални протоколи за влез.
Оваа „зелена виза“ е прва од ваков вид во светот и е вистински пример за тоа како една држава може да ги натера туристите да бидат свесни гости, а не само минливи посетители кои оставаат неред зад себе. Ако планирате посета, подгответе го пенкалото и вашата еколошка совест!










