ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) ХОРОР: Гори цела зграда пред болницата „Мајка Тереза“ – Хеликоптери го гаснат пламенот, има заглавени и повредени!

(ВИДЕО) ХОРОР: Гори цела зграда пред болницата „Мајка Тереза“ – Хеликоптери го гаснат пламенот, има заглавени и повредени!

Драматични и застрашувачки снимки доаѓаат попладнево од центарот на Тирана, каде огромен пожар проголта станбена зграда лоцирана веднаш спроти болничкиот комплекс „Мајка Тереза“. Пламените јазици се проширија со неверојатна брзина, претворајќи го објектот во огнена стапица за само неколку минути. Жителите во паника бегаа од своите домови, додека густиот црн чад го прекри целиот кварт.

Најкритичниот момент снимен од камерите го покажува херојството на пожарникарите кои со помош на скали спасуваа постара жена заробена во својот стан додека огнот беснееше околу неа. Ситуацијата е толку сериозна што покрај бројните противпожарни екипи на земја, во акцијата се вклучени и два воени хеликоптери „Кугар“, кои од воздух испуштаат огромни количини вода за да го локализираат пламенот кој трае повеќе од час и половина.

ВИДЕО

Билансот на оваа огнена катастрофа е веќе трагичен. Според првичните информации, најмалку седум лица се хоспитализирани поради задушување од чадот, а меѓу нив има и двајца пожарникари кои први влегле во зградата. На терен е и албанскиот министер за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, кој ја координира спасувачката акција. Материјалната штета е огромна, а надворешната фасада на зградата е целосно изгорена. Истрагата допрва треба да утврди како избувнал овој пожар кој за малку ќе предизвикаше уште поголема трагедија во непосредна близина на главната болница во државата.