ПРВ.мк
Свет

СТРАШНИ СВЕДОШТВА: „Легнавме на земја, некои скокаа од прозорец“ - језиви детали од трагедијата!

СТРАШНИ СВЕДОШТВА: „Легнавме на земја, некои скокаа од прозорец“ - језиви детали од трагедијата!

Денес, во средно училиште во југоисточниот дел на Турција имаше вооружен напад од страна на поранешен ученик. Напаѓачот извршил самоубиство откако полицијата го опколила, но претходно ранил дури 16 лица. Мотивот уште се истражува, а инцидентот е огромен шок за јавноста особено бидејќи ваквите настани се реткост во Турција.

Бруталниот напад се случил во средното стручно училиште Ahmet Koyncu во Сиверек.

Гувернерот Хаса Силдак веднаш излезе со детали за нападот, откривајќи дека била повикана специјална единица, како и дека 19-годишниот напаѓач си го одзел животот.

„Си го одзеде животот кога беше опколен од полицијата. Го евакуиравме училиштето и ќе спроведеме темелна истрага за овој трагичен инцидент“, сподели гувернерот.

Според него, напаѓачот бил поранешен ученик во училиштето каде што поминал една година. Истовремено, тој немал никако криминално досие. На снимките од турските телевизии се гледаат полициски и амбулантни возила пред училиштето, а има и потресни инсерти од безбедносните камери на кои се гледа ако напаѓачот влегува внатре, а учениците почнуват да бегаат.

Повредните ученици и наставници веднаш биле однесени во болница, додека за петмина се верува дека се во покритична состојба. За турската телевизија TRT се огласи еден од преживеаните ученици кој открива дека напаѓачот влегол во најмалку две училници. „Прво легнавме на земјата, потоа двајца соученици скокнаа од прозорецот. Не ни рече ништо, само влезе и почна да пука“.

Најнови вести