Во охридското село Трпејца е пријавена тешка кражба во црквата „Св. Никола“, при што непознати лица одзеле пари и други предмети од храмот.
Инцидентот е пријавен во СВР Охрид, од каде што информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сторителите.
Според првичните информации, засега не е познато колкава е точната материјална штета, ниту кога точно се случила кражбата, но се претпоставува дека сторителите искористиле момент кога црквата била без надзор.
Полицијата продолжува со истрагата, а одговорните служби најавуваат дополнителни информации по нејзиното завршување.







