ПРВ.мк
Македонија

Огнена стихија во Карпош: Изгореа најмалку четири куќи на улицата „Скупи“

Огнена стихија во Карпош: Изгореа најмалку четири куќи на улицата „Скупи“
Escape

Голем пожар вечерва околу 20:00 часот ја зафати улицата „Скупи“ во скопската општина Карпош, при што според првичните и неофицијални информации, се опожарени најмалку четири куќи.

Интервенцијата беше пријавена преку итниот систем Е-112, а Министерството за внатрешни работи преку Центарот за управување со кризи побара итно исклучување на електричната енергија во нисконапонската мрежа за да се овозможи безбедно гаснење на пожарот.

Првично зафатената куќа брзо се проширила на уште три соседни објекти, а екипите од Бригадата за противпожарна заштита се уште се на терен и се борат со огнот. Засега нема информации за повредени лица, но материјалната штета е значителна.

Причините за избувнувањето на пожарот засега се непознати, а надлежните служби најавија истрага веднаш по целосното локализирање на пожарот.

Mia Home Mavrovo