Во Прилеп денеска владееше тишина исполнета со болка и солзи, откако десетици соученици, другари и врсници се собраа кај паркот во населбата Вишне, во близина на градинката, за да му оддадат последна почит на 13-годишниот Милан Чупаркоски.
Неговиот живот, заедно со животот на неговиот татко, беше трагично одземен од нивен блиски роднина, во шокантен настан што ја потресе целата јавност.
Пред импровизираниот споменик, децата оставаа цвеќе, палеа свеќи и оставаа пораки со зборови што тешко се изговараат:
„Почивај во мир, летај високо, ангелу наш… ќе ни недостасуваш“, напишаа неговите пријатели, кои со солзи во очите се простуваа од детството кое никогаш нема да биде исто.
Настанот ја потресе целата заедница, а градот Прилеп денеска тагува за изгубен живот кој беше пред сè – невин.
Извор: МАРКУКУЛЕ