ПРВ.мк
Македонија

ОДЛИЧНА ВЕСТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Оваа банка ќе ги исплати пензиите порано – парите легнуваат уште денес!

ОДЛИЧНА ВЕСТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Оваа банка ќе ги исплати пензиите порано – парите легнуваат уште денес!

Пензионерите кои ги користат услугите на Стопанска банка добија пријатно изненадување пред крајот на месецот, откако банката одлучи мајските пензии да ги исплати предвреме.

За разлика од претходниот месец, кога исплатата на пензиите беше реализирана на 4 мај, овојпат средствата на сметките на корисниците ќе бидат достапни значително порано.

Во текот на вчерашниот ден, 27 мај, голем број пензионери добиле СМС известување од банката со потврда за датумот на исплата.

„Ве информираме дека исплатата на пензијата на Вашата платежна сметка ќе биде на 28.05.2026 година“, стои во пораката испратена до корисниците.

Со предвремената исплата, пензионерите ќе можат уште од денес да располагаат со своите средства преку банкомати, платежни картички во трговската мрежа, како и преку електронските банкарски услуги.

За корисниците кои претпочитаат подигнување готовина на шалтер, од банката се очекува исплатата во филијалите да се одвива според вообичаениот распоред и без прекини.

Дополнително, банката ги информираше клиентите дека поради претстојниот празник Духовден, филијалите на 29 мај (петок) нема да работат, што ја прави оваа предвремена исплата уште поважна за голем број пензионери и нивните семејства.

Најнови вести