ПРВ.мк
Македонија

НОВО ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА: Тројца малолетници нападнати од група врсници!

НОВО ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА: Тројца малолетници нападнати од група врсници!

Тројца малолетници биле физички нападнати од неколку нивни врсници во кумановското Ново Село, информираше Секторот за внатрешни работи Куманово.

Според пријавеното во полицијата, инцидентот се случил на 25 август околу 21:50 часот во Ново Село, кумановско. Во нападот биле цел тројца малолетници – едниот син на 36-годишна жена која го пријавила случајот, како и неговите двајца другари.

Случајот во СВР Куманово бил пријавен во текот на ноќта, на 26 август во 01:10 часот.

Од полицијата информираат дека тројцата малолетници биле физички нападнати од неколку други малолетни лица. Засега нема дополнителни официјални информации за мотивот за нападот, ниту пак се соопштуваат детали за евентуалните повреди на нападнатите.

Надлежните полициски службеници преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.

Полицијата треба да утврди кои се лицата кои учествувале во нападот, што му претходело на настанот и дали постоела причина или конфликт кој довел до физичката пресметка.

Случајот повторно го отвора прашањето за безбедноста на малолетниците во вечерните часови и потребата ваквите инциденти навремено да се расчистуваат, особено кога во нив се вклучени малолетни лица.