Општина Кавадарци добива уште еден значаен проект кој комплетно ќе го промени изгледот на овој крај. Деновиве официјално започнаа теренските активности за чистење и подготовка за изградба на новиот и модерен кеј на Овчка Река во селото Марена.
Станува збор за голема инвестиција во вредност од 300.000 евра, која е целосна донација од фамилијата Камчеви преку Фондацијата „Илија Камчев“.
Со овој проект, жителите на Марена и целата општина Кавадарци ќе добијат уреден, функционален и современ простор за одмор и рекреација. Оваа инвестиција значително ќе ги подобри условите за живот и ќе му даде нов лик на овој дел од кавадаречкиот регион, оставајќи траен белег за сите идни генерации.





