Кавадарци продолжува со интензивни инвестиции во локалната инфраструктура со цел подобрување на безбедноста и проточноста во сообраќајот.
Успешно заврши асфалтирањето на првиот слој на новиот кружен тек сместен на Северен Булевар, кој зафаќа вкупна површина од 5.300 квадратни метри. Со ова комплетно завршува првата фаза од овој значаен инфраструктурен проект.
Во периодот што следи, градежните активности продолжуваат со реализација на втората и третата фаза, сè до конечното и целосно завршување на кружниот тек.
Изградбата на ова ново сообраќајно решение се реализира со поддршка и донација од компанијата „Лидл“, за што беше упатена и јавна благодарност за нивниот придонес кон развојот на градот.
Со ваквите конкретни инфраструктурни проекти, Општина Кавадарци продолжува да работи на обезбедување побезбедно движење за сите учесници во сообраќајот и поуредна урбана средина за своите граѓани.
