ПРВ.мк
Македонија

Нова жртва од западнонилска треска: Почина пациент на Инфективната клиника

Нова жртва од западнонилска треска: Почина пациент на Инфективната клиника

Македонија ја регистрира осмата жртва од западнонилска треска. Починал 70-годишен жител на скопската населба Драчево, кој се лекувал на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Информацијата за ТВ 24 ја потврдил министерот за здравство Сашо Клековски.

Од Инфективната клиника информираат дека смртниот исход настапил во текот на вчерашниот ден, а пациентот имал повеќе придружни заболувања.

„Пациентот се лекуваше на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а летална состојба настана во текот на вчерашниот ден. Пациентот беше со повеќе коморбидитети“, информираат од Клиниката.

Повеќе детали за случајот од Инфективната клиника најавуваат во текот на утрешниот ден.

Најнови вести