ПРВ.мк
Македонија

Нов циклoнски систем носи нестабилно време од 18 јуни

Нов циклoнски систем носи нестабилно време од 18 јуни

Според најновите метеоролошки анализи, од околу 18 јуни над Балканот, вклучително и над територијата на Македонија, се очекува развој на плиток циклoнски систем, кој ќе донесе поголемо дестабилизирање на атмосферата.

Овој систем, кој засега е во фаза на прелиминарна најава, според метеоролошките модели ќе предизвика дополнително намалување на дневните температури, зголемена облачност, како и чести врнежи од дожд и појава на грмежи. Според најавите, можно е повторно да се јават локализирани временски непогоди, со интензивен дожд, силен ветер и услови за краткотрајни, но силни електрични бури.

Иако моделите сè уште не се целосно потврдени, метеоролозите најавуваат дека нови детали и поточни прогнози ќе бидат објавени во наредните денови.

Она што е извесно, барем засега, е дека екстремно високи температури не се очекуваат во наредниот период. Наместо тоа, времето ќе биде попријатно, со умерени температури и честа промена на атмосферските услови.

Сподели го овој напис