Тројца жители на Велес се лишени од слобода во полициска акција спроведена во текот на ноќта на различни локации низ градот.
Како што соопшти МВР, во периодот од 23:30 до 02:45 часот полициски службеници од СВР Велес ги уапсиле Џ.С. (37), В.И. (27) и Х.М. (29), сите од Велес.
При извршените прегледи, кај Џ.С. биле пронајдени грутчеста материја и четири капсули тромадол, кај В.И. била откриена бела прашкаста материја, додека кај Х.М. била пронајдена марихуана.
За случаите бил известен надлежен јавен обвинител, а по нивното целосно документирање против тројцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.







