ПРВ.мк
Македонија

Никотинските вреќички – новиот опасен тренд меѓу младите

Никотинските вреќички – новиот опасен тренд меѓу младите
Kristal

Никотинските вреќички, познати и како „снус“, станаа популарни меѓу младите, вклучувајќи и ученици од основно училиште. Иако наменети како помош за откажување од пушењето, овие производи содржат високи дози на никотин и предизвикуваат силна зависност, речиси како хероин.

Стручњаците предупредуваат дека една вреќичка може да содржи колку цела кутија цигари, а младите често користат повеќе, што ја зголемува опасноста од здравствени проблеми како неправилни отчукувања на срцето, гадење, главоболка и рани во устата.

Главниот ризик е што никотинските вреќички се тешко препознатливи – нема чад или мирис, па младите можат да ги користат секаде, без да бидат забележани. Со тек на време, телото се навикнува и се потребни сè поголеми дози, што создава циклус на зависност.

Стручњаците предупредуваат: никотинските вреќички не се безопасни, а нивната популарност меѓу младите е алармантна.

Escape