ПРВ.мк
Македонија

Невреме ја погоди Македонија – Поплава од дожд и снег, најстудено само 1 степен!

Невреме ја погоди Македонија – Поплава од дожд и снег, најстудено само 1 степен!

Најголемиот дел од Македонија денеска беше под силно невреме. До 17 часот најмногу дожд се измери во Пожаране и Ѓуриште – дури 24 литри на метар квадратен, а најмалку во Берово, со само 3 литри.

Температурите драматично се спуштија – најстудено беше на Попова Шапка, Маврови Анови и Лазарополе со само 1 степен, додека најтопло беше во Струмица со 12 степени.

Во текот на денот силни врнежи беа забележани и во Тетово и на Попова Шапка (22 литри), Битола (21 литар), Демир Капија и Маврови Анови (20 литри), како и во Гевгелија (18 литри).

Според УХМР, до крајот на денот ќе има нови, уште пообилни врнежи, а на планините дождот ќе премине во снег. Се очекува и засилен северен ветер што дополнително ќе ја спушти температурата.

Ова е најавата дека Македонија полека влегува во вистинска есенска и зимска атмосфера.

Escape