ПРВ.мк
Македонија

НЕВОЗМОЖНО НО ВИСТИНИТО: Доктор од јавното здравство заработил 700.000 денари за еден месец - како му успеало тоа?

НЕВОЗМОЖНО НО ВИСТИНИТО: Доктор од јавното здравство заработил 700.000 денари за еден месец - како му успеало тоа?
Kristal

Министерот за здравство, Азир Алиу, денес на прес-конференција откри дека еден лекар во јавниот здравствен систем заработувал 700.000 денари месечно, без да открие детали за името на лицето или за која здравствена установа станува збор.

„Не треба да ги давам деталите на прес-конференција, за да не загрозам институционален систем кој функционира. Нашата работа може да се заврши во рок од две недели, но процесот подразбира вклученост на повеќе институции“, рече Алиу, нагласувајќи дека можат да следат и кривична одговорност за такви практики.

Воведување систем за следење на работата

Министерот најави дека ќе се воведат системи за регистрација на работното место со отпечатоци од прсти за здравствените работници. Тестирањето на системот веќе започнало во две клиники, а прво ќе се имплементира во клиниките во Скопје, а потоа и во другите градови. Целта е законски да се следи бројот на пациенти и операции, како и времето поминато во дополнителни активности.

„Имаме случаи каде лекарите прегледуваат еден пациент неделно, а други 100 пациенти неделно. И двете ситуации се погрешни. Со новиот систем ќе можеме реално да следиме и да реагираме навреме“, истакна Алиу.

Големи разлики во работата на лекарите

Според министерот, во седум клиники е забележано дека дополнителната активност траела двојно подолго од законски предвидениот минимум. Исто така, постојат големи разлики во бројот на операции и упати:

  • Еден специјалист имал 1.134 операции, а друг од иста специјалност само 470.
  • Некои лекари во текот на 2025 година не извршиле ниту една операција.
  • Во период од шест месеци, еден лекар направил 16.526 упати, додека друг само 7.352.

Министерот нагласи дека целта на новиот систем е праведна распределба на работата, како и транспарентност во јавниот здравствен систем.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape