ПРВ.мк
Македонија

НЕСРЕЌА СО ФАТАЛЕН КРАЈ: Работник почина по пад од зграда – ова се првите детали од несреќата!

НЕСРЕЌА СО ФАТАЛЕН КРАЈ: Работник почина по пад од зграда – ова се првите детали од несреќата!
Kristal

Тешка работна несреќа со трагичен исход се случи денеска претпладне во Дебар, кога жител на градот го загуби животот по пад од станбена зграда во изградба на која извршувал работни задачи.

Според информациите од надлежните служби, мажот се здобил со тешки телесни повреди по падот и починал за време на транспортот кон Општата болница со проширена дејност во Дебар.

Како што информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид, околу 11:35 часот Одделението за внатрешни работи Дебар добило пријава од Итната медицинска помош дека на пат кон болницата починал К.С. (40) од Дебар.

„Според пријавеното, несреќата се случила околу 11:15 часот, кога лицето паднало од зграда во изградба на улицата ‘Братство Единство’, каде што извршувало работни задачи. Поради здобиените тешки повреди, лицето починало за време на транспортот кон болницата“, изјави Димоски.

На местото на трагедијата веднаш излегле јавен обвинител и трудов инспектор, додека увид извршила екипа од ОВР Дебар. Надлежните институции започнаа постапка за утврдување на причините и околностите под кои дошло до несреќата.

Според неофицијални информации од жители на Дебар, станува збор за нивен сограѓанин кој работел на поставување врати и прозорци на објектот. Граѓаните го опишуваат како вреден и посветен човек, а веста за неговата смрт предизвика тага и вознемиреност во локалната заедница.

Истрагата е во тек, а повеќе детали се очекуваат по нејзиното завршување.

FixCredit
Escape