ПРВ.мк
Македонија

НЕМА КРАЈ НА НАСИЛСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА: Истепано десетгодишно дете, жена нападната во влез!

НЕМА КРАЈ НА НАСИЛСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА: Истепано десетгодишно дете, жена нападната во влез!

Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Дебар поднела кривична пријава против С.И. (36) од село Долгаш, општина Центар Жупа, поради сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.

Според информациите од надлежните институции, случајот се случил на 17 мај 2026 година во маркет во селото Долгаш, каде што пријавената физички нападнала десетгодишно дете. По преземените активности и прибраните информации, против неа е поднесена соодветна пријава.

Во меѓувреме, регистриран е и уште еден случај на физички напад во главниот град. На 1 јуни 2026 година околу 16 часот, во СВР Скопје, В.Е. (24) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Гази Баба, во влез од зграда, била физички нападната од С.Б., женско лице.

Од полицијата информираат дека во двата случаи се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на околностите и утврдување на сите детали поврзани со настаните.