ПРВ.мк
Македонија

Напад среде Скопје: Го следеле, па му приредиле хорор сцена!

Напад среде Скопје: Го следеле, па му приредиле хорор сцена!
Kristal

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против еден осомничен за тешко разбојништво, казниво по член 237 став 4 од Кривичниот законик. Според обвинителството, тој делувал заедно со уште едно лице, кое засега е во бегство и по него се трага.

Настанот се случил на 15 ноември, спроти еден трговски центар во Скопје, каде двајцата напаѓачи го следеле оштетениот. Во моментот кога процениле дека може да нападнат, едниот со тупаница го удрил мажот во главата, додека другиот го заплашувал со боксирач. Потоа му ја претурале облеката и му одзеле 8.800 денари.

По грабежот, го турнале на земја, го удирале со клоци и се обиделе да му го оштетат мобилниот телефон, по што побегнале од местото на настанот.

Јавниот обвинител поднесол предлог за притвор на 43-годишниот осомничен, додека трагањето по вториот напаѓач продолжува.

Escape