ПРВ.мк
Македонија

Подгответе се: Македонија на удар на силен циклон – еве какво време не очекува!

Подгответе се: Македонија на удар на силен циклон – еве какво време не очекува!
Kristal

Циклонски систем со центар над Џенова носи многу нестабилно и ветровито време во Македонија оваа недела. Се очекува засилен до повремено силен ветер од јужен правец, со брзини над 70 км/час, како и чести, обилни врнежи од дожд, проследени со грмежи. Локално може да се јави и невреме.

На многу места се предвидуваат над 50 литри дожд, а во западните предели количината може да надмине 100 литри, локално дури и 150–200 литри. Ова значително го зголемува ризикот од покачување на нивото на реките и езерата и создава можност за локални поплави.

Скопје и околината ќе се соочат со слични услови – силен јужен ветер и обилни врнежи, понекогаш проследени со грмежи.

Температурите ќе останат натпросечно високи за ноември, поради влијанието на јужното воздушно струење.

Escape