ПРВ.мк
Македонија

Овој производ тешко се наоѓа во маркетите, а цената драстично порасна – граѓаните реагираат!

Овој производ тешко се наоѓа во маркетите, а цената драстично порасна – граѓаните реагираат!
Kristal

Цената на јајцата порасна за 30–40 денари по табла, предизвикувајќи реакции кај потрошувачите кои забележуваат дека овој прехрамбен производ сè потешко се наоѓа низ маркетите.

Во последните денови се забележува раст на цените на најголем дел од маркетите и зелените пазари. Табла од 30 јајца (Л класа), која претходно чинеше околу 280 денари, сега се продава за 310 денари. Малата табла од 10 јајца (М класа) поскапе од 90 на 105 денари.

Според граѓаните, поскапувањето се случило нагло и е резултат на одлуките на речиси сите производители. На Зелен пазар, на пример, јајца се продаваат по 330 денари за табла, додека порано чинеле 230 денари.

Експертите најавуваат дека покрај јајцата, следува нов бран на поскапувања, особено кај месото, со очекуван раст на цените на свинското и јунешкото месо.

Escape