ПРВ.мк
Македонија

Интервенција на АХВ - запленети 696кг храна, причината е алармантна!

Интервенција на АХВ - запленети 696кг храна, причината е алармантна!
Kristal

Во рамки на 445 инспекциски контроли спроведени во последните десетина дена, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) затвори 15 објекти поради продажба на небезбедна храна, особено насочена кон ученици.

Вкупно се запленети и уништени 696 килограми производи со сомнителен квалитет и непознато потекло. Дополнително, некои оператори немале имплементирано процедури за добра хигиенска и добра производствена пракса, не спроведувале задолжителен здравствен преглед на вработените, не извршиле задолжителна дезинфекција или не ги исполнувале техничките услови за работа.

За утврдените неправилности, 77 оператори добиле парични казни во вкупна вредност од 36.470 евра, а АХВ издала 103 решенија за отстранување на неправилностите и 23 опомени.

Escape