ПРВ.мк
Македонија

НАЈНОВА ВЕСТ: Заменик министер си поднесе неотповиклива оставка!

НАЈНОВА ВЕСТ: Заменик министер си поднесе неотповиклива оставка!
Kristal

Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу, денеска преку социјалните мрежи објави дека поднел неотповиклива оставка од функцијата.

Алиу оставката ја доставил до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, истовремено споделувајќи ја и на својот Фејсбук профил.

Во соопштението, тој објаснува дека одлуката е резултат на лична и професионална анализа, нагласувајќи дека во овој период е најсоодветно да го продолжи својот придонес во акдемското поле, истражувачко-научната работа, како и посветеноста кон семејството:

„Почитуван Претседател на Владата, Со ова писмо сакам да Ве известам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата заменик министер во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија. Мојата оставка доаѓа како одраз на моја лична и професионална анализа, ценејќи дека во овој период е најсоодветно да го продолжам својот придонес во академското поле, во мојата истражувачко-научна работа, како и посветеност кон семејството.“

Алиу упати благодарност до Владата за довербата и можноста да ја извршува оваа одговорна функција, посакувајќи им понатамошни успеси.

Лулзим Алиу е кадар на коалицијата ВРЕДИ, односно партијата Алтернатива, и изрази благодарност и до партијата и нејзиниот актуелен претседател Беким Али, како и претходните лидери Африм Гаши и Зеќирија Ибрахими.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo