Една жена го загуби животот, а најмалку четири лица се ранети, меѓу кои и еден полицаец, во тешка пукотница што се случи во градското собрание во чешкото село Хрибска, јавуваат странските медиуми.
Според информациите што ги објави полицијата, нападот се случил во понеделник, кога вооружен маж влегол во зградата на локалната самоуправа и отворил оган. Во престрелката, нападот завршил со смрт на една жена, а биле повредени уште неколку лица кои се наоѓале во објектот.
Полицијата потврди дека и самиот напаѓач е убиен, при што интервенирале безбедносните служби кои брзо ја ставиле ситуацијата под контрола.
„Во овој момент можеме да потврдиме дека има една почината жена и еден мртов напаѓач“, соопшти чешката полиција преку социјалната мрежа X.
По инцидентот, зградата на градското собрание била целосно обезбедена, а на терен биле распоредени повеќе полициски екипи. Селото Хрибска се наоѓа на околу 110 километри северно од Прага, а нападот предизвика голема вознемиреност кај локалното население.
Во моментов мотивите за нападот не се познати, а истрагата е во тек. Надлежните институции собираат докази и изјави со цел целосно да се разјаснат околностите под кои дошло до овој трагичен настан.

















