ПРВ.мк
Македонија

НАЈНОВА ВЕСТ: Пред малку е усмртен човек во центарот на Скопје

НАЈНОВА ВЕСТ: Пред малку е усмртен човек во центарот на Скопје
Kristal

Тешка сообраќајна несреќа се случи предмалку на булеварот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје, при што е прегазен маж кој починал на лице место, објави Слободен печат.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во несреќата учествувале патничко возило „пасат“ со скопски регистерски ознаки и велосипедист. Возачот, веднаш по несреќата, го напуштил местото на настанот.

„Денеска (03.11.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. ‘Гоце Делчев’ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило ‘пасат’, управувано од машко лице, и велосипедист, кој починал на местото на настанот. По несреќата, возачот го оставил возилото и заминал од местото“, информираа од МВР.

Полицијата спроведува увид и интензивно работи на пронаоѓање на возачот. Поради несреќата, сообраќајот на овој дел од булеварот е пренасочен.

Само вчера, исто така, беше регистриран сличен случај – возач избега по тешка несреќа во која беше повредена 79-годишна жена. Тој беше фатен откако се обидел да побегне кон Средно Водно.

Escape