ПРВ.мк
Македонија

МВР ОТВОРИ КОНКУРС ЗА СРЕДНОТО ПОЛИЦИСКО УЧИЛИШТЕ: Еве колку ученици ке имаат шанса да се запишат!

МВР ОТВОРИ КОНКУРС ЗА СРЕДНОТО ПОЛИЦИСКО УЧИЛИШТЕ: Еве колку ученици ке имаат шанса да се запишат!

Министерството за внатрешни работи објави јавен повик за прием на 200 редовни ученици во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ при Полициската академија.

Како што информираат од МВР, на конкурсот може да се пријават кандидати кои имаат завршено прва и втора година средно образование, а кои ги исполнуваат пропишаните услови за упис. Избраните ученици ќе го продолжат своето школување во полициското училиште.

Меѓу основните критериуми се: кандидатите да се државјани на Република Северна Македонија, да немаат наполнето 18 години на денот на објавување на јавниот повик, активно да го користат македонскиот јазик и да бидат здравствено и психофизички способни.

Дополнително, се бара општиот успех во првите две години од средното образование да биде најмалку „добар“, како и да нема изречени педагошки мерки во училиштето каде што го завршиле досегашното образование.

Од МВР посочуваат дека, во зависност од потребите, постои можност паралелно да продолжи и досегашната основна обука за полицаец, која трае една година.

Најнови вести