Градскиот плоштад во Кавадарци беше исполнет со музика, смеа и детски насмевки за време на роденденската забава на Мими и Сале, организирана во рамки на Кавадаречко културно лето 2026.


Најмладите посетители имаа можност да уживаат во весела програма со песни, забава и дружење, а доброто расположение го споделија и бројните присутни на плоштадот.
Настанот донесе уште една разиграна летна вечер во центарот на Кавадарци, каде што културната програма продолжува да собира посетители од различни генерации.

Со многу музика, позитивна енергија и насмеани детски лица, роденденската забава на Мими и Сале стана уште една од убавите приказни што го одбележуваат Кавадаречко културно лето 2026.











