ПРВ.мк

Муцунски разочаран од Таравари: Тој им помага на ДУИ

Муцунски разочаран од Таравари: Тој им помага на ДУИ
Jumbo Banner

Министерот за надворешни работи Тимшо Муцунски вели дека е разочаран од Арбен Таравари поради неговите дела со кои само им помага ДУИ да функционира на терен.

„Навистина сум разочаран, бидејќи за Арбен Таравари, како човек како мој колега имам позитивно мислење и тој е некој со кој што треба да соработуваме и треба да градиме иднина напред.

Но, истовремено сум разочаран кога гледам како неговите дејствија единствено што прават на терен го потпомагаат функционирањето на ДУИ на терен. Се надевам дека коалицијата ВРЕДИ ќе успее да најде заеднички јазик, но секако со вакво ДУИ и со секој кој што соработува со вакво нереформирано ДУИ, не сметам дека ВМРО-ДПМНЕ треба да соработува“, рече Муцунски  во ,Тема на денот”, на телевизија Сител.

Говорејќи за случувањеата во ВРЕДИ, тој истакна дека заедничка беше борбата помеѓу другото ДУИ да се испрати во опозиција.

Меѓутоа сега кога ДУИ секојдневно се обидува да разгори етнички тензии, секој оној кој ќе работи во прилог на ДУИ, работи против интересите на граѓаните и државата, и ВМРО-ДПМНЕ не може да соработува со такви политички актери.

Муцунски истакна дека владејачкото мнозинство е сосема стабилно и нема дилема околу тоа, иако лидерот на опозицијата ја политизира темата.

Тој додаде дека анкетите на јавното мислење го означуваат тоа, а граѓаните на претстојните локални избори ќе го искажат својот став за партиите од власта и опозицијата.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран