Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу смета дека учеството на Арбен Таравари во владата е завршена работа. Според него, ставовите на „ВРЕДИ“ се јасни уште од самиот почеток – не е прифатлива соработка со ДУИ.
„Нашите ставови се јасни од почеток и од информациите што испливаа дека Таравари има комуникација и се договара со ДУИ и за нас тоа не беше прифатливо. Ако гледаме хронолошки сите настапи и инфромации што ги споделуваше Таравари се конфузни и јавноста сама треба да процен“, рече Ганиу во гостување на ТВ24
„На почеток не прифаќаше дека има контакт а потоа сам потврди дека имал телефонски рзговор и на крај испадна дека имат и средби.
Нашиот став беше дециден дека ние нема да партиципираме со партија што соработува со ДУИ. ДУИ ја потроши последната карта, инвестра во расцеп на партиите и Травари им е последна карта.
Преку Таравари сакаат да влезат во влада и во тој дел мислам дека намјмногу загуби Таравари.
Јас мислам дека учеството на Таравари во владата е завршена работа и неколку пати кажавме дека не прифаќаме да соработува со нас и со ДУИ“, рече Ганиу.