ПРВ.мк
Македонија

Му пукале во глава: откриен еден од убијците на Ѓело Ѓошев – велешанец под истрага за бруталното ликвидирање!

Му пукале во глава: откриен еден од убијците на Ѓело Ѓошев – велешанец под истрага за бруталното ликвидирање!
Kristal

Основното јавно обвинителство во Велес официјално отвори истрага против лице осомничено дека учествувало во убиството на велешанецот Ѓело Ѓошев, кое се случи на 5 ноември во близина на селото Бусилци, во месноста Поројница. Според обвинителството, постојат основани сомневања дека уапсениот бил соизвршител на кривично дело убиство, предвидено со член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Првичните сознанија откриваат морничава слика: осомничениот го намамил Ѓошев под изговор и со сопствен автомобил го одвел на изолирана локација, каде што – заедно со уште едно, сè уште неидентификувано лице  пукале кон него со огнено оружје. Ѓошев задобил прострелна рана во главата и починал на самото место.

По злосторството, осомничениот – кој и претходно бил осудуван за разбојништво – се обидел да ги прикрие трагите и да ја попречи истрагата, соопштија од обвинителството. Поради тежината на делото, како и опасноста од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторно сторување на кривично дело, јавниот обвинител побара мерка притвор за осомничениот.

Министерството за внатрешни работи, по налог на обвинителството, продолжува со интензивна потрага по вториот соизвршител и со утврдување на мотивите зад ова сурово злосторство кое ја потресе целата велешка јавност.

Случајот со убиството на Ѓело Ѓошев ја разбуди јавноста поради начинот на изведување и бруталноста на нападот, а властите уверуваат дека ќе се стигне до сите вклучени во ова дело кое ја шокира Македонија.

Escape